Ракометарот Игор Карачиќ и Душица Андоновска го кажаа судбоносното „да“: Македонката остава без здив во мини венчаницата...

Кармин

16/06/2021

11:10

6.219

Големина на фонт

а а а

Ракометарот и неговата избраничка се венчале во тајност, а фотографиите ги објавил колега на Карачиќ на социјалните мрежи.

Карачиќ свадбениот костум кој го носел го комбинирал со патики, додека пак Душица привлекла големо внимание во кратката венчаница.

По повеќе од една година од споделување на информацијата дека ракометниот репрезентативец Игор Карачиќ (32) и неговата избраничка Душица Андoновска се вериле, сега тие одлучиле да го кажат судбоносното „да“.


Мостарецот и Македонката се венчале во кругот на најблиските пријатели и нивните семејства.

Фотографиите од венчавката на социјалните мрежи ги споделил еден од гостите, односно ракометарот Кристијан Дисингер.

Игор избрал да носи клаичен црн костум и бела кошула кои ги искомбинирал со „Адидас“ патики.

Невестата заблескала во кратка, бела венчаница и ги покажала своите витки нозе. Венчаницата ја искомбинирала со салонки и бел чипкаст вел.

Инаку, Душица и Игор се запознале додека тој играше за македонски Вардар каде што помина седум години.

Моментално тој живее во Полска и игра за клубот Киелце, а медиумите пренесуваат дека таму наскоро ќе му се придружи и убавата Душица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk