Кејт Мидлтон повторно го воодушеви светот: Суптилно ѝ оддала почит на покојната принцеза Дајана, носејќи го овој детаљ на раката

Кармин

15/06/2021

20:53

5.524

Големина на фонт

а а а

Војвотката Кејт Мидлтон ѝ оддала почит на покојната свекрва, принцезата Дајана, на многу суптилен начин.

Имено, во текот на самитот Г7, војвотката од Кембриџ носела нараквица која ѝ припаѓала на Лејди Ди. Таа и принцот Вилијам го поминале попладнето со Џил Бајден и светските лидери, а Кејт освен Вилијам, била и во друштво на кралицата Елизабета Втора и Камила, сопругата на принцот Чарлс.


Она што им го привлекло вниманието на сите е бисерната нараквица со дијаманти која Мидлтон ја носела, а која ѝ припаѓала на покојната принцеза од Велс. Дајана ја носела нараквицата неколку пати, меѓу другото и во 1989 година за време на посетата на Хонг Конг, а Кејт ја носеше нараквицата во 2017 година во Берлин и за време на кралската посета на Шведска во 2018 година.


За потсетување, Кејт Мидлтон едвај чека да ја запознае малата Лилибет, ќерката на Хари и Меган, и многу се радува за неа. Таа исто така потврдила дека немала прилика да ја види ниту преку видео повик кога Хари и Меган ѝ ја покажале малата Лили на кралицата Елизабета.

Лилибет Дајана Маутбатен-Виндзор е првата американска државјанка која со своето раѓање веќе стана кандидат за британскиот трон. Како што пишуваат британските медиуми, таа ќе има двојно државјанство – американско и британско. Лилибет се роди на 4-ти јуни оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk