Визуелно го зголемуваат просторот и внесуваат свежина и позитивна енергија: Пастелните бои се апсолутен хит во уредување на ентериерот

Кармин

11/06/2021

16:35

3.178

Големина на фонт

а а а

Пастелните бои во уредување на ентериерот сè повеќе се употребуваат, а оваа сезона се апсолутен хит.

Дизајнерите едногласно ги прогласија за најголем тренд, од повеќе причини. Освен што ќе внесат свежина во секој дом, благодарение на овие нијанси секоја просторија ќе изгледа визуелно попространа, па ако имате мал стан сигурно ќе го обожувате овој тренд.

Доволно ќе биде да внесете неколку детали во овие бои во станот или да обоите еден ѕид и вашиот дом ќе добие една нова нота. Освен што прават многу кога станува збор за пространоста, овие нијанси имаат и смирувачки ефект и внесуваат позитивна енергија, па покрај нив ќе чувствувате мир и спокој.

Искомбинирајте зелени, сини и розови нијанси во иста просторија, па дури и на исто парче мебел.

Деталите во пастелно розова боја ќе му дадат на домот свежина и ќе го направат поубав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk