Дали е дозволено да се фотографирате со полиција во вакво издание? Фотографијата на Џеј Ло стана вирална, сите зборуваат за ова!

Кармин

11/06/2021

14:32

4.134

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез (51) ги изненади сите кога вчеравечер се фотографирала со полицајците кои биле ангажирани за нејзината безбедност додека го снимала новиот спот во Мајами.

Таа на себе имала кратки панталони, бела откопчана кошула и јасно видлив сребрен градник.

Долгата кафена коса ја пуштила, а на главата имала капче. Задоволните полицајци не ја криеле насмевката на лицето за време на позирањето со популарната пејачка.

„Само еден е вистински. Добри работи доаѓаат“, порачала пејачката покрај објавата од сетот.

Многу следбеници имале само пофални зборови за нејзиниот стајлинг.

„Дали е дозволено да се фотографирате во ова издание со полицијата? Јас би барал наредните 3 дена да ми се слободни“, гласел еден од коментарите.

Неодамна Џенифер признала дека таа и Бен Афлек се повторно заедно, иако неколку недели ја криеле романсата од другите. Пејачката пронашла среќа во прегратките на својот поранешен вереник, кој во 2004-та година ја оставил само неколку часа пред венчавката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk