Домашен јогурт сладолед со кајсии: Совршен десерт за врелите летни денови

Кармин

09/06/2021

19:14

2.389

Големина на фонт

а а а

Овој десерт со сигурност ќе стане еден од вашите омилени ова лето.

Потребни состојки:

- 4-5 лажици густо кисело млеко
- 4 поголеми кајсии
- 4 лажички шеќер
- листови мента за декорација


Начин на подготовка:

1. Измијте ги кајсиите и исчистете ги од семки, а потоа исечете ги на парчиња.

2. Во блендер ставете ги кајсиите, киселото млеко и шеќерот и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

3. Готовата смеса затворете ја добро во пластичен сад или покријте ја со проѕирна фолија. Ставете ја во фрижидер и вадете ја на секои 30-60 минути за да ја изматите со рачен миксер. Ако имате машина за сладолед, користете ја неа.

4. Кога сладоледот доволно ќе се стврдне, распоредете го во чаши и сервирајте со украс од свежи листови мента.

Во случај да не сте успеале да го изматите јогурт сладоледот доволно често според упатството, не грижете се. Пред сервирањето оставете го да се стопли на собна температура и потоа изматете го со рачен миксер за да биде кремаст.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk