Романтично, елегантно и моќно – со овие зборови може да се опише новиот стајлинг на убавата Ева Лонгорија.
Тешко е да се пронајде модел на фустан кој добро ѝ прилега на секоја жена, кој го истакнува она најубавото, а ги сокрива мааните. Но, на 46-годишната актерка тоа ѝ успеало.
Токму таков е фустанот во кој таа неодамна позирала – во него секоја фигура изгледа како песочен часовник, а струкот изгледа значително повиток.
Иако бојата на фустанот е светла, благодарение на кројот, вие ќе изгледате неколку килограми послаби.
Актерката направила полн погодок и кога станува збор за чевлите – класичните сандали одлично се вклопиле во целиот стајлинг.
Доколку барате идеален фустан, ова е вистинскиот избор. Ваквиот модел уште долго нема да излезе од мода, а бојата е идеална и прилега на сечиј тен. Освен тоа, може да се носи во текот на целата година бидејќи одлично изгледа во комбинација со сандали, но и со чизми.