Макрон: Поделбите за време на пандемијата ја истакнаа потребата од зајакнување на ЕУ

Макфакс

10/05/2021

10:14

884

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека националните поделби за време на пандемијата со Ковид-19 ја нагласија потребата од зајакнување на силата на Европската Унија и поради ова, тој отвори консултации за иднината на Европа на настан кој беше речиси откажан поради внатрешни превирања.

Во телевизиски говор, францускиот претседател рече дека се надева оти конференцијата „Иднина на Европа“, ќе го зајакне донесувањето одлуки на ниво на ЕУ, објави британски Гардијан.

Макрон избегна да спомене промена на договорот за пренесување на надлежностите на институциите на ЕУ од националните влади, на што жестоко се спротивставија голем број влади на земјите-членки кои може да бидат принудени да започнат референдуми како одговор.

Ние сме поделени веќе некое време кога станува збор за купување маски или затворање на границите, дури и околу фондот за обновување на ЕУ, рече Макрон.

Овие слабости ги објаснуваат тешкотиите во координацијата, посочи тој, додавајќи дека затоа мора да се извлечат поуки со оглед на најголемиот шок од пандемијата.

„Нашата европска демократија е компромис за постигнување рамнотежа и тоа е нешто што мора да го заштитиме како богатство, слабост е и кога сме загушени во сопствените процедури , рече Макрон.

„Ние мора да најдеме ефикасен начин за да одиме напред со амбиција да ја надминеме кризата и да избегнеме неносење на одлуки “, истакна францускиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг