Мурињо пристигна во Рим на веспа: Во италијанската престолнина се појави интересен мурал

Точка

08/05/2021

14:15

3.183

Големина на фонт

а а а

Мурал на кој се гледа Жозе Мурињо како вози веспа и пристигнува во тимот на Рома, се појави вчера во предградие на Рим, на воодушевување на сите случајни минувачи кои „нагрнале“ да се фотографираат покрај него.

Рома неодамна ја објави веста дека нивен тренер од наредната сезона ќе биде Мурињо, што ги изненади сите фудбалски симпатизери.

Тотенхем го отпушти Мурињо бидејќи не сакаше да ги изведе играчите на тренинг откако клубот објави дека ќе ѝ се приклучи на европската Суперлига. Долго се шпекулираше каде би можел „Специјалниот“ да ја продолжи својата кариера, а изборот падна на Рома.

Како што наведуваат италијанските медиуми, Мурињо прифатил и огромно намалување на платата за да стигне во Рим, но веднаш доставил услови и список на играчи кои сака да ги види на стадионот во наредната година. Како најзвучно име на неговата листа се споменува Давид де Хеа.


Алесандро Флоренци, фудбалерот на Рома кој е моментално на позајмица во ПСЖ, изјавил за „Gazzeta“ дека Мурињо е „свеж воздух“.

„Ова е свеж воздух за сите, Мурињо е можеби тренер со најголемо искуство и најголема личност од сите. Мислам дека тој е оној кој ќе успее да го издржи притисокот на римската средина, се надевам дека тоа добро ќе пројде“. 

Рома оваа сезона се наоѓа на седмата позиција во шампионатот на Италија додека во Лига Европа беше поразена во полуфиналето од Манчестер Јунајтед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг