Ева Лонгорија не престанува да воодушевува: Овојпат позираше во црвено бикини, па привлече големо внимание

Кармин

08/05/2021

11:55

4.623

Големина на фонт

а а а

„Ти не старееш“, „Изгледаш неверојатно“, „Фантастична“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Иако ги толкуваше улогите во филмовите од „А“ продукцијата, Ева Лонгорија сепак ја паметиме по улогата на Габриела Солис од серијата „Очајни Домаќинки“ која што се прикажуваше во периодот од 2004 до 2012 година.

Црвената боја е боја која што со задоволство ја носеше и во серијата пред 20 години, а со најновата објава на социјалните мрежи покажа дека и денес одлично ѝ прилега.

Оваа актерка, продуцентка и дизајнерка неодамна ги израдува своите фанови со фотографија која што ја споделила на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, Ева во црвено дводелно бикини се пофалила со совршената фигура на тело, а следбениците само ѝ упатувале пофални зборови: „Ти не старееш“, „Неверојатно изгледаш“, „Фантастично“, се само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, по раѓањето на синот Сантиаго во 2018 година, Ева почнала да тренира со Грант Робертс кој што ѝ помогнал да ја врати својата фигура на тело, а таа за магазинот „People“ тогаш изјавила:

„Многу тренирам. Трчам, вежбам јога, пилатес, постојано ги комбинирам вежбите“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk