Таа е единствената жена со идеални пропорции: Жените ѝ завидувале, а мажите копнееле по неа

Кармин

07/05/2021

14:30

3.785

Големина на фонт

а а а

Бети Бросмер долго време се сметала за идеал на убавината, а облините на нејзиното тело ги воодушевувале мажите, но и жените.

Интересно е што и денес Бети изгледа неверојатно добро и покрај годините. За нејзиниот добар изглед и во 85-та година е „виновен“ бодибилдингот со кој Бросмер долго време активно се занимавала.

Бети е родена во Америка во 1935 година, а кариерата ја започнала на 13 години. Нејзиното прекрасно лице било објавено на насловната страница на еден популарен магазин, а фотографијата ги заинтересирала рекламните агенции кои потпишувале договори со тинејџери. Овој договор се покажал како одличен за двете страни.


Бети наскоро станала многу популарна, а агенцијата ѝ плаќала голема сума на пари за секоја фотографија.

Кога пораснала, таа имала совршени пропорции на телото кои изнесувале 96-53-91. Овие исклучителни мерки се сметаат за идеални.


Кога се омажила за основачот на бодибилдингот, Џо Видер, Бросмер започнала да се занимава со бодибилдинг. Таа го промовирала мускулестото и здраво женско тело и активно се занимавала со бодибилдинг. Бети со сопругот дури и напишала книга на тема здрав живот и вежбање.


Се шпекулирало дека подоцна Бети го насочила своето внимание на младиот Арнолд Шварценегер, помагајќи му да стане популарен. Ја обожувале сите бодибилдери ширум планетата, а долго време била една од најпознатите женски бодибилдерки на светот.

Бети и денес на 85 години изгледа фантастично и тоа благодарение на спортот, здравата исхрана и вежбањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk