Џенифер Лопез позирала со својата мајка и ќерка: „Три генерации на вечна убавина“

Кармин

07/05/2021

09:35

3.867

Големина на фонт

а а а

51-годишната пејачка споделила фотографија на својот Инстаграм профил на која позира со 13-годишната ќерка Ема и 75-годишната мајка Гвадалупе.

Пејачката ја искористила семејната фотографија за да го испромовира својот бренд „JLo Beauty“ кој го покрена кон почетокот на оваа година, а нејзината објава добила над 2 милиони лајкови.

„Прекрасно“, „Ова треба да се врами“, „Три генерации на вечна убавина“, „Три кралици во една објава“, „Прекрасни дами“, се дел од коментарите под фотографијата.

За потсетување, Џеј Ло и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) ја раскинаа својата веридба откако два пати ја откажаа венчавката поради пандемијата на коронавирусот.

Латино дивата и Алек потврдија дека отсега секој оди по својот пат, а веста ја открија во ексклузивна заедничка изјава за „Today“.


„Сфативме дека сме подобри како пријатели и се радуваме дека ќе останеме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме еден со друг на нашите заеднички проекти. Го посакуваме најдоброто еден на друг и на нашите деца. Од почит кон нив, единствениот коментар кој мораме да го дадеме е благодарност до сите кои нѝ упатија убави зборови и поддршка“, пишува во официјалната објава за медиумите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk