Поранешната балканска снаа го покажа новото момче: „Адријана можеше да си најде и подобар“

Точка

03/05/2021

18:44

5.926

Големина на фонт

а а а

Манекенката Адријана Лима очигледно дека повторно е заљубена и во врска.

Имено, по крајот на бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, Лима беше во долгогодишна врска со турскиот писател Метин Хара, потоа во краткотрајна врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а сега со „мускулестото момче“ кое што го покажа на Инстаграм стори.


Манекенката објавила низа фотографии од роденденската прослава на нејзината пријателка и во таа прилика покажала дека е заљубена.

На поедини фотографии се гледа како момчето ја држи околу половината додека позира со неа, додека пак таа со главата е потпрена на неговото рамо.

„Адријана можеше да најде и подобар“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Инстаграм.


Да ве потсетиме, пред 10-на години манекенката Адријана Лима која што во тој период беше венчана со српскиот кошаркар Марко Јариќ, побарала српски пасош и државјанство откако во кабинетот на тогашниот српски министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ поднела барање.

Меѓутоа, набрзо Лима и Јариќ ги поднеле и документите за развод, па поради тоа ангелот на „Викторија Сикрет“ никогаш не ги добил српското државјанство и пасошот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk