Ѕвездата објави на социјалните мрежи низа фотографиите, а на една од нив е и славниот режисер.
За врската на британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора и режисерот Таика Ваитити, веќе подолго време се зборува во јавноста. Фотографијата со Таика, која Рита неодамна ја објави на својот Инстаграм профил, според јавноста ги потврдила сомнежите.
Иако режисерот се криел со капче, Рита го тагнала и на тој начин открила со кој е во друштво.
Rita Ora spotted with #ThorLoveAndThunder’s Taika Waititi, Tessa Thompson and Russell Crowe in Sydney, Australia, sparking rumors that she may make an appearance in the film. pic.twitter.com/M2uO8Decv7
— Film Updates (@TheFilmUpdates) April 23, 2021
Магазинот „The Sun“ пишува дека пејачката и режисерот биле заедно додека таа во Сиднеј ја снимала музичката емисија „The Voice“ и нивните блиски пријатели не сокривале дека се заедно.
Исто така, Рита е снимена во еден локален ресторан на состанок со Таик, Крис Хемсворт, неговата сопруга Елса и Мет Дејмон.
Холивудските ѕвезди во Австралија го снимаат филмот на Таика „Thor: Love and Thunder“, во кој ќе им се придружи и Расел Кроу, кој минатата недела е виден со Рита додека возел велосипед.