Кога јоргованите ќе замирисаат: 10 докази дека овој цвет е прекрасен декор за во сечиј дом

Кармин

29/04/2021

17:20

2.075

Големина на фонт

а а а

Прекрасниот мирис од јоргованот и неговата едноставна убавина го прават тој цвет еден од најомилените меѓу луѓето.

Во зависност од видот на јоргованот, тие цветаат од средината на пролетта до раното лето, а за многумина токму мирисот на јоргованот е оној кој ги потсетува на детството и безгрижните денови.

Вазна со раскошни јорговани ќе биде прекрасен декор за во сечиј дом, а опојниот мирис од тој цвет ќе го исполни секое катче од собата.

Цветовите на јоргованот вообичаено се во виолетова боја (често светло-виолетова), но исто така постојат и бели, розови, а особено префинето изгледаат јоргованите кои што се во потемна нијанса на боја. Некои од нив имаат и поостар мирис.

Дека вазната со јорговани е прекрасен декор за во сечиј дом, докажуваат овие фотографии:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk