Кристалниот кактус ќе ве освои уште на прв поглед: Вака се негува и одгледува овој уникатен сукулент

Кармин

22/04/2021

15:18

2.209

Големина на фонт

а а а

Поради необичниот изглед, многу брзо успеа да ги освои сите љубители на растенија. Овој кактус познат и под името „Haworthia cooperi“ многу едноставно се одгледува, а експертите велат дека успева во секој дом. Дури иако сте почетник, можете без проблем да го одгледувате ова растение.

Станува збор за сукулент со потекло од Јужна Африка кој бавно расте. Овој вид билка има ситни, месести листови кои растат во розети и се делумно проѕирни, што на билката ѝ дава уникатен изглед.


Токму поради изгледот на листовите, се нарекува и кристален кактус. Цвета напролет и во лето, обожува многу светли простории, но не и директна изложеност на сонце. Најмногу му одговара некој прозорец на кој во текот на денот ќе има барем 3 до 4 часа силен извор на природна светлина.

Иако претпочита високи температури, успева и на постудени температури. Сепак, водете грижа температурата на просторијата во која се наоѓа да не е пониска од 4 Целзиусови степени бидејќи може да замрзне.


Што се однесува до наводнувањето, во текот на летните месеци наводнувајте го сукулентот обилно и имајте на ум дека земјата помеѓу две наводнувања треба потполно да биде сува. Во текот на зимските месеци, билката е доволно да ја наводнувате еднаш месечно. Погрижете се саксијата во која е посадена да има дренажни дупки.

Експертите велат дека ова интересно растение успева во секој дом, со што нема да морате да вложувате премногу труд доколку се одлучите да го набавите токму кристалниот кактус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk