Гвардиола откри што му кажал на Фоден при прославата на голот

Дерби

15/04/2021

10:28

1.249

Големина на фонт

а а а

Фил Фоден вторпат постигна гол за победа на Манчестер Сити против Борусија Дортмунд и на тој начин го завери пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите на премиерлигашот.

Англискиот репрезентативец го прослави голот во прегратките на менаџерот Пеп Гвардиола, а тв камерите го уловија Шпанецот како му зборува на својот фудбалер за време на прославата.

Гвардиола го откри она што му го кажал на Фоден во еуфоричниот момент.

– Трчаше за да ме пронајде и ме пронајде, тоа е благодарност до сите во клубот кои работеа напорно за овој успех.

– Му реков одлично направено, убав удар и одиме понатаму. Во моментов сме во игра за четири трофеи, тоа е неверојатно, но одиме натпревар по натпревар и нема да зборуваме за трофеите, – изјавил Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг