Цорк индиректно најави дека Халанд има излезна карта од Борусија Дортмунд

Дерби

15/04/2021

10:27

946

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд веројатно ќе донесе вистинско богатство за Борусија Дортмунд, но германскиот клуб се уште не сака да признае дека ќе дозволи трансфер на Норвежанецот уште ова лето.

Секојдневните изјави на раководството и агентот на фудбалерот, Мино Раиола наведуваа на заклучок дека двете страни имаат раличен став, но тој на Борусија веројатно ќе омекне ако екипата не обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Составот од Дортмунд заостанува седум бодови зад Ајнтрахт и барем во теорија се уште има шанси да се најде во Топ 4 групата. Спортскиот директор Михаел Цорк пак тврди дека клубот мора да стави потпис за евентуален трансфер, но не демантира дека тоа сигурно нема да се случи летово.

– Факт е дека тој не може да направи ништо без нашиот потпис.

– Заеднички ќе ја планираме иднината, а ситуацијата најмногу зависи од пласманот во Лигата на шампионите, – изјавил Цорк, индиректно најавувајќи дека клубот веројатно ќе ја покрива финансиската дупка со мулти-милионски трансфер на Халанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг