Односите се заоструваат: Бајден подготвува нови санкции за Русија, на удар поединци и компании блиски до Путин!

Точка

15/04/2021

09:30

1.930

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави денеска ќе воведат санкции против Русија поради наводното руско мешање во американските претседателски избори и злонамерните сајбер активности, а мета ќе бидат неколку поединци и ентитети.

Се очекува санкциите да опфатат околу 30 ентитети и ќе бидат поврзани со наредбата за протерување на десетина руски дипломати од САД, открија неименувани извори упатени во ова прашање за британската новинска агенција „Ројтерс“.

Покрај тоа, Вашингтон ќе објави и воведување на нови „агресивни“ мерки против трговијата со рускиот државен долг, што ќе им биде оневозможено на американските финансиски институции.

Белата куќа, Стејт департментот и американското Министерство за финансии засега не одговорија на барањата за коментар во врска со воведувањето на новите санкции против Русија.


Американската администрација тврди дека Москва го оркестрирала сајбер упадот во софтверот на компанијата „Соларвиндс Корп“, што им овозможило на хакерите да пристапат до илјадници компании и државни канцеларии кои ги користат производите на оваа компанија.

Претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит го опиша нападот, кој бил идентификуван во декември, како „најголем и најсофистициран напад кој светот некогаш го видел“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг