Најубавата русокоса на Холивуд ја откри тајната на витката линија: „Намирницата која мора да ја внесете во исхраната е оваа“

Кармин

15/04/2021

09:20

4.336

Големина на фонт

а а а

Со право ја сметаат за една од најубавите холивудски актерки, а сега 30-годишната Марго Роби ја открила тајната на нејзината исхрана со која што секогаш останува во форма.

Ѕвездата на многу од холивудските филмови која што моментално се подготвува за улогата во „Barbi“, филмот за најдрагата играчка на младите девојчиња, во разговор за британскиот магазин „Women's Health“ ја открила тајната на својата витка линија на тело.

30-годишната Марго Роби изјавила дека топ формата ја одржува благодарение на малиот внес на јаглехидратите, но и поради тоа што ги исфрлила слатките работи од исхраната и тие сега немаат место во нејзиниот живот.

„За доручек најчесто јадам овесна каша, а во текот на утрото пијам смути со кое што го јакнам имунитетот. За ручек тука е салатата од пилешко месо, додека пак за вечера најчесто јадам туна со сладок компир“, открила Марго.

Токму слаткиот компир е една од клучните состојки на нејзината исхрана, поради тоа што е идеална намирница која што се смета за најдобриот јаглехидрат кој што може да се консумира кога една личност внимава на исхраната.

Покрај сето тоа актерката е опседната и со пиење чај, навика која ја стекнала кога живеела во Велика Британија.

„Во текот на денот пијам чај со кој сум опседната откако живеев во Велика Британија“, изјавила актерката.

Иако многумина би помислиле дека таа никогаш не греши во исхраната, сепак таа некогаш заедно со својот сопруг се опушта, па знае да јаде бургери или мексиканска храна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk