Променливо облачно време со сончеви периоди

Макфакс

15/04/2021

08:33

803

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди.

На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 10 до 17 степени, јави УХМР.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. В понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг