Неверојатна трансформација на Моника Белучи: Актерката одвај препознатлива!

Точка

14/04/2021

20:10

2.984

Големина на фонт

а а а

Актерката Моника Белучи (56) е забележана на снимање на новиот филм во потполно непрепознатливо издание.

Имено, Белучи имала седа коса и била во костим за вештерки, а ова е првпат да отскокне од улогите во кои е прекрасна заводничка.

Снимањето на филмот се одвива во Рим, а сите велат дека е неверојатно тоа што Моника и во оваа улога изгледа одлично.


Таа ја толкува улогата на добрата вештерка Долорес, која целиот живот им го посветила на децата.

Заплетот на филмот се одвива во 18-ти век, а она што е интересно е дека актерката сама се шминкала за потребите на снимањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг