Актерката која е воедно и успешна деловна жена, одново и одново потврдува дека е дама со истенчен моден вкус.
Џесика Алба одамна е позната како личност со стил, а нејзините модни комбинации редовно завршуваат во модните рубрики. Така, ни нејзиниот последен стајлинг не е исклучок.
Алба била фотографирана во дневна модна комбинација составена од панталони, маица, сако и кратки чизми, а комбинацијата на бои е апсолутен тренд. Таа ја искомбинирала светлата маслинесто зелена боја со сако во пастелна боја на кајсија, која целиот стајлинг го подигнува на едно повисоко ниво.
Не изостанувале ниту совршено усогласените аксесоари во форма на голема чанта од природен материјал, како и дискретниот накит – ѓердан, часовник и нараквица, како и ефектни очила за сонце.
Дури и заштитната маска на Џесика била во согласност со остатокот од гардеробата.
Со ваквиот стајлинг, актерката покажала дека класичната комбинација на сако и панталони, со малку креативност, може да изгледа свежо, атрактивно и уникатно.