Од идната година iPhone ќе има камера од 48 мегапиксели, а „мини“ моделот станува минато

Точка

14/04/2021

16:20

1.707

Големина на фонт

а а а

Моделите на iPhone од 2022-ра година носат промени кога станува збор за камерата, а ќе се промени и самата понуда на телефоните на Apple.

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека iPhone Pro ќе добие сензор од 48 мегапиксели за примарната камера, со цел да се ослободи „забот“ на екранот. Исто така, Apple сензорите за Face ID ќе ги смести под самиот екран.

Камерите од 48 мегапиксели се присутни кај Android уредите веќе неколку години, но оваа компонента ќе биде поголема од најголемиот дел од нив. Тоа ќе биде 1/1.3-инчен сензор со големина на пиксели од 1,25µm.

Тоа е помалку во однос на големината на пиксели од 1,7µm кај iPhone 12 Pro Max, но Куо тврди дека еквивалентната големина на пиксели ќе изнесува 2,5µm кога сензорот ќе се користи за 12 мегапикселни фотографии. Аналитичарот додаде и дека сензорот од поголема резолуција ќе овозможи снимање на 8К видеа.


Моделите на iPhone за идната година ќе имаат помали димензии, а Куо тврди дека во понудата нема да се најде 5,4-инчен модел, а Apple ќе ги задржи 6,1 и 6,7 инчните екрани за другите модели.

Претходно се појави информација дека од идната година телефоните на Apple нема да имаат „заб“, туку ќе биде направено мало дупче во екранот за селфи камерата, слично како кај конкурентните модели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг