Де Лаурентис: Ќе го прекинам првенството и ќе ве тужам

Макфакс

14/04/2021

15:28

2.714

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, незадоволен од распределбата на приходите од телевизиските права, се заканил дека ќе го прекине првенството.

Контроверзниот бизнисмен, од Фудбалскиот сојуз на Италија, побарал итно враќање на навивачите на стадионите.

„Се ќе падне во вода доколку не ги вратиме навивачите. ќе ве блокирам и ќе ве тужам“, рекол Де Лаурентис на Собранието на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Трибините на стадионите во Италија се празни од март минатата година, кога започна пандемијата на коронавирусот. До крајот на сезоната во Серија А останаа уште осум кола.

Инаку, министерот за спорт во италијанската влада, Габриеле Гравина, пред неколку дена одобри да се отвори една четвртина од капацитетот на „Олимпико“, за ЕУРО 2020.



Спонзорирани линкови

Маркетинг