Доколку сакате да го живеете животот на славниот дизајнер, изнајмете си ја неговата луксузна вила – цената за ноќевање е „ситница“

Точка

14/04/2021

16:10

2.545

Големина на фонт

а а а

Позната под името „La Vigie“ вилата воодушевува со идиличниот поглед кон медитеранското шеталиште.

Дали некогаш сте сакале да ѕирнете во луксузниот живот на Карл Лагерфелд? Сега имате шанса да го направите тоа.

Две години откако иконата на светот на модата почина, неговиот величествен дом кој се наоѓа на француската ривиера е достапен за изнајмување.


На кратка оддалеченост од Монако и славната плажа Ларвото, вилата со шест спални соби и пет тоалети, дава уживање во панорамскиот поглед на заливот и Средоземното море.

Вилата настанала како дело на англискиот лорд сер Вилијам Инграм на самиот почеток од 20-от век, а потоа била во сопственост на компанијата „Société des bains de mer de Monaco“ од која што Лагерфелд ја изнајмил во подоцните години на минатиот век.


Дизајнерот темелно се позанимавал со реставрацијата на вилата, додека пак истовремено го задржал нејзиниот неокласичен шарм и ја користел за излагање на своите импресивни уметнички колекции, но исто така и за фотографирање.

Домот е на три спрата, содржи соба со билјард, џакузи, базен и 24-часовна батлерска услуга, додека пак исто така нуди и доволно простор за 20 луѓе.


Па, прашањето е - колку ќе ве чини да го живеете животот на славниот дизајнер?

Приближно меѓу 13.000 и 20.000 долари, по вечер, во зависност од сезоната.

Вистинско време е сега да ја испланирате вашата следна авантура.






Спонзорирани линкови

Маркетинг