Кралица Летиција: Стајлинг за чиста 10-ка за жени на кои не им пречи да бидат во центар на внимание

Точка

14/04/2021

15:06

3.362

Големина на фонт

а а а

Шпанската кралица Летиција со вчерашното појавување уште еднаш ја оправда титулата на модна икона која што ја носи со години.

Имено, Летиција вчера се појавила на Конгресот на пратеници во Мадрид за да ѝ оддаде почит на Клара Кампоамор, шпанската политичарка и феминистка која што била познат борец за правата на жените, вклучувајќи го и правото на глас во текот на пишувањето на Шпанскиот устав од 1931 година.


За оваа прилика кралицата одлучила да носи „огнена“ комбинација на облека - црвено од глава до пети!

Летиција носела комплет составен од струкирано сако со атрактивниот „слоевит“ крој и панталони со популарен прорез на глуждовите.


Овој неверојатен стајлинг таа го заокружила со црвени салонки на висока потпетица и црвена плико чанта со популарниот животински дезен.

Комбинацијата сама по себе била доволно впечатлива, па на Летиција од накит не ѝ било потребно ништо освен минијатурни обетки.


Со оваа модна комбинација кралицата Летиција уште еднаш покажала како може да се биде „покриен“ од глава до пети, а притоа да изгледате многу атрактивно и сексапилно и сите погледи да бидат насочени кон вас!




Спонзорирани линкови

Маркетинг