Премиера: Претставен е редизајнираниот Škoda Kodiaq

Точка

14/04/2021

13:07

2.674

Големина на фонт

а а а

Чешкиот производител ги објави фотографиите и техничките детали на рестилизираниот SUV модел Kodiaq.

Поминаа повеќе од четири години откако беше лансиран најголемиот SUV на Škoda, па беше време чешкиот производител да го освежи овој модел. Така, рестилизираниот Kodiaq претрпи стилски промени на надворешноста и во патничката кабина, а унапредена е и моторизацијата на најмоќната RS верзија.


Рестилизирани се браниците, предната маска и фаровите кои се нешто „потенки“ од претходно, а на купувачите сега на располагање им се и LED Matrix предните светла. Променета е и позицијата на светлата за магла, а позади се воочливи и новите стоп светла.

Галерија: Škoda го претстави редизајнираниот Kodiaq


Промените во внатрешноста исто така се дискретни. Екранот на инфотејнмент системот и натаму е вклопен во централната конзола, стандардно се испорачува со големина од 8 инчи, а достапен е и опционален 9,2-инчен екран. Како опција може да се добие и дигитална инструмент табла од 10,25 инчи.

Од Škoda информираа дека е поставено и унапредено амбиентално осветлување, седиштата се опремени со функции за ладење, греење и масажа, а купувачите можат да изберат и опција со три реда седишта за седум лица.


Основниот модел под хаубата има 1,5-литарски TSI турбо бензинец кој развива 150 коњски сили. На располагање е и 2.0 TSI со 190 коњски сили, а од дизелашите тука е 2.0 TDI во верзии со 150 и 200 коњски сили.

Во врвот на понудата е Kodiaq RS кој како погон го користи 2.0 TSI со 245 коњски сили, за разлика од претходникот кој користеше bi-turbo мотор.

Škoda нарачките за рестилизираниот Kodiaq ќе почне да ги прима во наредните месеци, а во продажните салони новиот SUV ќе пристигне на лето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг