Погледнете го луксузниот стан на супермоделот – вака живее Бела Хадид

Кармин

14/04/2021

12:46

2.775

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид е еден од најуспешните супермодели на својата генерација, со лице кое што е неповторливо, а таа новиот дом го бара во Њујорк.

Како една од најпопуларните IT девојки во светот, Бела ги остава луѓето без зборови со својот стил, став и успех, негувајќи го начинот на живот на кој што многумина ѝ завидуваат.


Пред две години, Бела себеси си купила стан на Менхетен кој што е олицетворение на елеганцијата и угледноста.

Иако поради пандемијата на коронавирусот поголемиот дел од времето го поминала на семејниот ранч во Пенсилванија со својата сестра Џиџи, моделот го задржала својот дом во градот поради работните обврски.

Сепак, денес таа сака да ја промени својата адреса на живеење. Купувајќи го овој стан во 2019 година, сега сака да го продаде за 3.000.000 долари.


Станот во стил на лофт, кој што поседува 203 метри квадратни се наоѓа во срцето на Сохо, поседува две спални соби, два тоалети, приватна тераса и удобни гардеробери.

Окарактеризиран е во неутрални тонови и дрвени површини, а станот оддава чувство на удобност и комфор, повикувајќи ве да го смените темпото на живот и да уживате во секој момент кој што ви го дава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk