Излезе првиот трејлер за „The Hitman’s Wife Bodyguard“ кој беше сниман и во Хрватска

Точка

14/04/2021

12:02

2.057

Големина на фонт

а а а

Излезе трејлерот за филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“, продолжение на хумористичниот акционен филм „The Hitman’s Bodyguard“ од 2017 година, а актерите Селма Хаек и Рајан Рејнолдс го спасуваат Семјуел Л. Џексон кој инаку не е во добри односи со Рајан.

Мајкл Брајс, ликот кој го толкува Рејнолдс, наизглед го фалат бидејќи бил добар телохранител на убиецот кој го толкува Семјуел, Дариус Кинкејд. Проблемот е во тоа што овој настан е само ноќна мора, а психијатарката го советува Брајс да одмори од работата како телохранител.

„Официјално сум на годишен одмор и да бидам искрен, не знам зошто не го направив ова порано. Како светот да чекаше да ја направам оваа промена. За првпат започнувам да го замислувам својот живот без оваа работа“, размислува Брајс додека ужива на плажа.

Сцената набрзо ја прекинува Соња Кинкејд, која ја толкува Селма Хаек, за да го наговори да го спаси нејзиниот сопруг Дариус Кинкејд (Семјуел Л. Џексон).

Во филмот исто така се појавуваат Антонио Бандерас, Морган Фриман, Ричард Грант и Френк Грило.

„The Hitman’s Wife’s Bodyguard“ првично требаше да биде објавен во август минатата година, но дојде до негово одложување поради пандемијата на коронавирусот. Премиерата конечно треба да се случи на 16 јуни оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг