Не е оптичка илузија! Рибарското село со „двобојно“ море кое сите сакаат да го посетат е неверојатно

Точка

14/04/2021

11:30

3.737

Големина на фонт

а а а

Розовото море е туристичка атракција во малото место кое се нарекува Лас Колорадас на полуостровот Јукатан во прекрасниот Мексико.

Малото рибарско место Лас Колорадас на Јукатан во Мексико, се гордее со розовата лагуна која што ги опкружува појасите од белата сол.

Тоа припаѓа на најголемите мочурливи подрачја на мексиканскиот полуостров по името на „Ria Lagartos Biosphere Reserve“.


Розовата боја мора да потекнува од големиот број на микроогранизмите со изразен црвен пигмент, но и поради восхитувачката количина на артемија.

Несекојдневниот колорит привлекува големо внимание кај туристите кои што секогаш кога ќе појдат таму се чувствуваат како да се на некоја друга планета.


Освен фотографирањата за на социјалната мрежа Инстаграм, некои од туристите таму имаат шанса да ја посетат и старата фабрика за производство на сол.

Слични такви сцени можат да се видат и кај соленото езеро кое се наоѓа во Крим, а исто така и на некои од деловите на крајбрежјата на Австралија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг