Alfa Romeo Tonale ќе го има „лавовското срце“ на Peugeot?

Точка

13/04/2021

16:02

2.454

Големина на фонт

а а а

Alfa Romeo Tonale повторно доцни со производството и поради хибридизацијата на моделот би требало на пазарот да пристигне во 2022-ра година.

Сепак, идните потенцијални сопственици на најновиот џип на Alfa Romeo, може да ги утеши тоа што ќе добијат помоќен модел од тоа што се очекуваше, барем кога станува збор за Plug-In хибридната верзија.

Alfa Romeo Tonale беше претставен во 2019-та година на саемот за автомобили во Женева, меѓутоа производството се одложува и се уште се чека џипот да излезе од производствените погони на италијанската компанија.

Од Alfa Romeo потврдија дека производството кое требаше да започне во откомври, се одложува, а како главна причина за промена на плановите се наведени лошите перформанси на хибридниот погон. Со оглед на тоа што Alfa Romeo е меѓу ретките компании кои се уште во понудата немаат електрифициран модел, се поставува прашањето со каков мотор ќе биде опремен хибридниот Tonale.


Постојат гласини дека Alfa Romeo Tonale би можел да го добие погонскиот систем на неодамна претставениот Jeep Compass, што подразбира комбинација на 1,3-литарски бензински мотор со електромотор од 44 киловати и системска сила од 190 и 240 коњски сили.

Но, според најновите информации од Апенините, Alfa Romeo би можеле да се одлучат за еден друг, помоќен Plug-In хибриден систем кој е прилично популарен во PSA групацијата.

Имено, станува збор за 1,6-литарскиот бензински мотор и два електромотори со системска сила од 300 коњски или или 221 киловати на Peugeot, кој го користат моделите 3008 и DS-7 Crossback на DS.

Дали ќе има „француско срце“ под каросеријата на италијанскиот кросовер останува да почекаме и да видиме.




Спонзорирани линкови

Маркетинг