Од бабина кујна: Превкусни крофни со џем или еурокрем

Кармин

12/04/2021

18:34

2.439

Големина на фонт

а а а

Бабините крофни се највкусните крофни, според многу љубители на овој деликатес.

Овие крофни на крајот може да се 'попрскаат' со шеќер во прав, а ако ги комбинирате со чаша топло млеко - имате прекрасен оброк.

Потребни состојки

За тесто:

- 300мл. вода

- 20 мл. масло

- 550гр. брашно

- 20гр. квасец

- 1 лажица шеќер

- малку сол

За Фил:

- џем или еурокрем


Подготовка:

Од наведените состојки за тесто, формирајте меко тесто и оставете го да отстои 30 минути. Расукајте половина сантиметар и вадете со калап за крофни.

Спојувајте по две и со ножички исечете ја средината како на видеото, па на средината ставете лажичка џем или еурокрем. Оставете ги да отстојат некое време, па премачкајте ги со жолчка и печете на 190 степени околу 30-35 минути.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk