Се продава еден еден од најпосакуваните модели во историјата на BMW

Точка

12/04/2021

15:51

2.111

Големина на фонт

а а а

Вистинските љубители на BMW добро се сеќаваат на првиот перформантен модел М3 кој се појави под кодна ознака Е30, а за многумина од нив ова е најомилениот модел на баварската комапнија.

Sport Evolution моделот познат како EVO3 со 235 коњски сили и максимална брзина од 250 километри на час беше сон на многумина, но исто така и конкретниот примерок кој е ставен на продажба - EVO2 произведен во 1988-ма година важи за една од најголемите „ѕвезди“ на Баварците.


Произведени се вкупно 500 вакви автомобили, а моделот на фотографиите го има редниот број 183. За разлика од стандардниот, EVO2 се разликува по тоа што под хаубата има 2,3-литарски мотор со 217 коњски сили кои овозможуваат максимална брзина од 240 километри на час.


Овој примерок во сива боја, првпат бил продаден во јуни 1988-ма година во Велика Британија, а на Островот останува „цела кариера“. Има поминато 163,500 километри и се уште го поседува оригиналниот мотор.


Од друга страна, германската компанија Munich Legends го заменила менувачот во 1998-ма година. Во огласот исто така се напоменува дека предниот браник има одредени оштетувања и потребна е промена на пневматиците, но освен тоа, автомобилот е во одлична состојба.

На еден ден пред крајот на аукцијата, највисоката понуда изнесува 59,900 евра.





Спонзорирани линкови

Маркетинг