Младата Месечина носи позитивна енергија и големи можности за успех.
Младата Месечина во знакот на Овен нè очекува од 12 април и носи моќна енергија за манифестација на желбите и креирањето на нови почетоци.
Овнот е првиот знак во Зодијакот, а младата Месечина претставува почеток на нов лунарен циклус. Овие здружени енергии испраќаат во нашите животи бран на позитивна енергија, повикувајќи нè да започнеме ново поглавје и да ги оствариме нашите скриени желби.
Пред нас е период на големи промени, но и големи шанси кои треба паметно да ги искористиме.
Ѕвездите ќе ни бидат наклонети, а од нашите акции и потези зависи што ќе се случува понатаму. Сега е добар момент сè што долго време сте планирале да започнете да го реализирате. Овој астро период ќе ви помогне на сите полиња да остварите успеси, а особено на полето на работата и кариерата.
Времето на младата Месечина носи „огнена“ енергија, страст, движење кон напред и допуштање на нашите желби да нè водат, а не стравовите.
Особено моќно овој период ќе делува на луѓето кои се родени во хороскопските знаци Овен, Рак и Водолија. Овие три хороскопски знаци ќе успеат да остварат баш сè што ќе замислат, без многу вложување труд. Овните се отвораат кон нови работни можности, додека пак на Раковите и Водолиите ќе им цветаат рози на полето на љубовта.
Сите слободни претставници од овие два хороскопски знаци ќе имаат можност да запознаат личност која што ќе ги заинтригира.