Бурниот живот и одењето „под нож“ кое никогаш не го криеше оставија траги на лицето и телото на една од најубавите пејачки

Кармин

08/04/2021

12:36

4.231

Големина на фонт

а а а

Пејачката кариера на Кери Катона останала во сенка поради нејзините бројни естетски операции и целосно изобличениот изглед на лицето и телото.

Британската пејачка Кери се прославила во музичката група „Atomic Kitten“, а денес наместо со пеењето да привлекува внимание во јавноста, таа плени со својот изглед и нов начин на живот и фактот што не наликува на сама себе од пред неколку години.

40-годишната Кери неретко изненадува со своите фотографии и снимки кои ги објавува на социјалните мрежи, иако отсекогаш отворено зборувала за строгите диети до кои што одлучила да се придржува откако имала вишок килограми.

Таа никогаш не го криела ниту одењето на естетски операции и неколку пати за тоа зборувала во јавноста.

Сè започнало откако се породила и почнала да се бори со менталните проблеми, но и зависноста од алкохол. Таа тврди дека одлуката за пластичните операции ја донела поради тоа што верувала дека никакви диети ниту вежби нема да можат да ѝ помогнат, а липосукцијата била една од првите естетски зафати кои што ги направила.

Воедно, ги намалила и своите гради, вбризгала ботокс во лицето, ги подигнала образите, ги зголемила усните и користела филери.

На крајот вишокот килограми ги изгубила со помош на своето момче и личен тренер на кој што денес е горда.

Нема план да се откаже од одржување на телото во топ форма иако некои ја споредуваат со „терминатор“, па сега одлучила да се пријави во шоуто „Celebrity SAS: Who Dares Win“, по вежбањето и „локдаунот“ во кое што ќе се натпреварува со други познати личности од Велика Британија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk