78-годишниот пејач и неговата 61-годишна сопруга изгледаат двојно помлади: Фановите се прашуваат во што е нивната тајна

Кармин

07/04/2021

22:44

9.106

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Пол Макартни ужива колку што може, а со својата сопруга Ненси Шевел во последните неколку недели одмара на островот Сент Бартс.

78-годишниот музичар и неговата 61-годишна сопруга, поголемиот дел од времето го поминуваат на плажа и не се обѕираат на вниманието на бројните фотографи кои постојано го следат секој нивен чекор.

Карипското море и сончевото време очигледно се полн погодок за славниот пар. Тие на островот престојуваат веќе неколку недели, па изгледа дека својот годишен одмор немаат намера брзо да го прекинат. Тука ја прославиле и Новата година, а омиленото летувалиште на многу богати и славни е исто така и нивниот прв избор во последните години.


Макартни кон крајот на минатата година изјави дека едвај чека враќање на музичката сцена, а истакна и дека ќе се вакцинира штом ќе дојде на ред. Бројни негови обожаватели велат дека не можат да поверуваат во каква одлична форма е Пол и покрај своите години, а според неговите зборови од бројни интервјуа, нема намера да се пензионира и ќе настапува додека има сила и волја за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk