Видео снимката на Мараја Кери додека се вакцинира стана хит!

Кармин

05/04/2021

22:19

5.480

Големина на фонт

а а а

За да ги поттикне нејзините фанови ширум светот на имунизација во борба против коронавирусот, музичката дива, Мараја Кери одлучила да го документира примањето на првата доза од вакцината.

Во објавената снимка на Инстаграм, 52-годишната пејачка во нејзин стил пред медицинскиот персонал се обидува да ги прикаже своите чувства поради примањето на првата доза од вакцината, а откако инејкцијата ѝ била имплицирана во раката, се појавила и првата нуспојава.

Нервозна и исплашена, пејачката испуштила висок тон на граница на вресок, кој поради нејзиниот музички стаж ѝ стана пејачки заштитен знак.

Со своето видео во стил на вистинска поп дива, успеа да ги насмее нејзините фанови, како и славните од холивудската и музичката индустрија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk