Точка ТВ: Човекот кој сакал да живее засекогаш! Медицински феномен, со седум трансплантации на срце

Точка

29/03/2021

15:44

3.909

Големина на фонт

а а а

Пред точно четири години починал еден од најбогатите луѓе на планетата, американскиот банкар Дејвид Рокфелер. Иако трагал по долговечност и имал неверојатни седум трансплантации на срце, се покажало дека ниедни пари на овој свет не можат да купат бесмртност.

Дејвид Рокфелер е роден во 1915-та година во Њујорк како најмлад од шест синови на Џон Рокфелер Помладиот. Семејното богатство на семејството Рокфелер настанало во 19-тиот век, а Дејвид и неговите браќа и сестри, како деца на нафтен магнат, од мали нозе живееле во луксуз.

Во текот на животот Дејвид Рокфелер успеал да оствари влијание како достоен наследник на една од најмоќните капиталистички династии. Според податоците на "Forbes", вредноста на неговиот имот е околу 3 милијарди долари. Всушност, нема на кој од овие простори не му е позната изреката - "Богат како Рокфелер".

Сепак, тоа по што ќе остане запаметен се шпекулациите дека бил подготвен да преземе радикални мерки за да остане жив. Една од најпопуларните непотврдени теории е дека го држи рекордот како лице кое имало најмногу трансплантации на срце - дури 7.

Првата трансплантација била извршена во 1976-та година, откако Дејвид при сообраќајна несреќа доживеал срцев удар. Гласините велат дека во наредните четири децении на секои шест до седум години му било пресадувано ново срце.

Последната трансплантација траела шест часа, а хирурзите го извршиле зафатот во неговата резиденција во Њујорк. Меѓутоа, тоа не е се. Тој наводно имал и две трансплантации на бубрег.

Сепак, здравствениот картон е приватна работа, па не може со сигурност да каже ни кога Рокфелер бил настинат, а уште помалку вистината за трансплантациите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk