Меган и Хари се запознале „на слепо“: Таа била разведена, а тој се заљубил во неа преку популарната серија

Кармин

08/03/2021

10:56

8.327

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари ја отвориле својата душа и зборувале за кралското семејство и животот во Америка во големото интервју кај Опра Винфри.

Меган и Хари го напуштија британското кралско семејство во март 2020 година, а веднаш откако се преселија во Калифорнија, започнаа и бројните обвиненија на нивна сметка.

Од моментот кога се венчаше со принцот, Меган е под лупа на јавноста, а деталите за оваа љубовна приказна се уште ја интригираат јавноста.

Романсата помеѓу Меган Маркл и принцот Хари секако беше изненадување, не само за кралското семејство, туку и за целиот свет, но беше и своевидна револуција со оглед дека станува збор за првата темнокожа дама која станала дел од династијата Виндзор.


Исто така, Велика Британија ја потресе и фактот дека таа е Американка, и тоа разведена од „обичен“ сталеж, а тамошниот народ се уште се сеќава на 1936 година и абдикацијата на принцот Едвард кој се одрече од престолот поради „распуштената“ Американка Волис Симпсон.

Меган и Хари се запознале на состанок на слепо кој го договорила нивна заедничка пријателка во 2016 година, а по само две средби парот решил заедно да отпатува во Боцвана, каде се родила нивната љубов.

„Сигурна сум дека таму ја испланирале својата веридба и венчавка. Африка едноставно има таков ефект врз луѓето. Кога се врати од патувањето, Меган ми покажа фотографии од нив и беше очигледно колку се сакаат“, раскажала пријателката на Меган, Џина Нелторп-Каун.


Веридбата се случи во ноември 2017 година, а венчавката која следеше 6 месеци подоцна, ја гледаше и коментираше цел свет.

Во јавноста се појавија интересни информации за тоа како црвенокосиот Британец ја забележал Меган далеку пред состанокот, и тоа на малите екрани, па наводно на пријателите им кажал дека идеалната жена за него е „Меган Маркл од серијата 'Suits'“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk