Една од најубавите жени на светот го покажала лицето без грам шминка: Фотографијата од кревет ги воодушевила сите

Кармин

08/03/2021

23:36

10.636

Големина на фонт

а а а

Една од најпосакуваните и најубави актерки според мислењето на многумина е Софија Вергара, а иако во јули полни 49 години, таа се гордее со својот изглед и во петтата деценија.

Вергара во последните неколку месеци се потсетува на своите изданија од претходните години и на следбениците на Инстаграм им докажува дека времето навистина ништо не ѝ може.

Сепак, Софија повторно предизвикала воодушевување кај своите фанови кога објавила фотографија во лежерно издание, без грам шминка. Актерката пиела кафе облечена во пижами, а во прегратки го држела своето куче.


Таа добила бројни комплименти на сметка на изгледот, а многумина заклучиле дека делува многу негувано.

За потсетување, Вергара ја започнала кариерата како модел на 17 години, кога ја забележал еден фотограф на плажа и набрзо потоа следела реклама за еден познат газиран пијалак... А останатото е историја.

Во текот на 90-те се прослави со разни ТВ проекти, воглавно на шпански јазик, а кон почетокот на 2000 година стигна и до Холивуд. Клучна за нејзината кариера е улогата на Глорија во „Modern Family“, чија последна епизода беше прикажана во април минатата година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk