Познатиот актерски пар, Јоан Груфуд и Алис Еванс се разведуват после 13 години брак.
Според странските медиуми, токму Груфуд ги предал документите за развод откако Алис на Твитер објавила дека актерот одлучил да продолжи понатаму без неа.
„Мојот сакан сопруг, мојата сродна душа во изминатите 20 години, Јоан Груфуд најави дека ќе го напушти семејството уште од следната недела. Нашите ќерки и јас сме многу збунети и тажни“, напишала Алис Еванс во објавата која подоцна ја избришала.
Груфуд не оставил никаков коментар под твитот на сопругата, но двајцата издале официјално соопштение за медиумите.
„Како што може да замислите, ова е неверојатно тежок период за нашето семејство и остануваме посветени на нашите деца. Ви благодариме што ја почитувате нашата приватност“, напишале тие.
На Алис Еванс многу нејзини фанови ѝ пружиле поддршка на социјалните мрежи, а таа во објава на Инстаграм им се заблагодарила и детално опишала како се чувствува.
„Никогаш не мислев дека ќе се случи ова. Јас се борам против тоа, бидејќи ги сакам наште деца и уште го сакам, но нешто му се случи во главата и што и да е тоа, мислам дека нема да нѝ се врати. Болката е неподнослива, но јас сум посилна од неа и иако плачам по цел ден кога децата не гледаат, навечер размислувам и планирам иднина за нас“, напишала актерката.
Груфуд во февруари минатата година признал дека тој и сопругата минатите четири години поради физичката одвоеност се бореле да пронајдат време еден за друг, поради што можеби, пишуваат медиумите, можело да се почувствува дека на нивната љубов ѝ дошло крај.
„Алис се врати откако беше отсутна седум денови. Се пофалив дека децата се во кревет, а таа ми одговори дека бидејќи бев сам со нив седум денови, да пробам да бидам со нив шест месеци“, рекол актерот за „Гардијан“.