Џеј Ло го „оцрни“ посилниот пол: „Мажите се неупотребливи пред 33-та година“

Кармин

05/03/2021

11:21

5.192

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш сте се обиделе да пронајдете љубов по пат на апликација за запознавање, процесот ви е познат и знаете колку истиот може да биде исцрпувачки.

Но, што доколку би имале ангел чувар во текот на целиот тој процес? И, што доколку тој истиот би бил Џенифер Лопез?

Во новата епизода на серијалот „Tinder’s Swipe Sessions“, познатата пејачка ѝ помогнала на познатата 29-годишна кантри пејачка Брук во потрагата по долговечен партнер по пат на апликацијата „Тиндер“.

Брук изјавила дека сака вид маж кој што „знае да цепи дрва“. Во текот на процесот на потрагата, откако Брук одлучила да не избере еден од потенцијалните додворувачи затоа што во описот пишувало: „Доколку чуваш кечап во фрижидер, нема да може да функционираме“, Лопез одлучила да ѝ даде неколку совети.


„Мажите се целосно бескорисни до 33 година“, изјавила Џеј Ло.

Оваа изјава веројатно не се однесувала на сите мажи до 33 години, но еве кои се зборовите на Џејн Грир, докторка и експерт за врски од Њујорк, во врска со тоа:

„На мажите можеби им е потребно да стигнат до раните триесетти години за да ја стават кариерата на вистинските темели и да бидат финансиски стабилни, а тоа им помага да имаат самодоверба во врската со својата девојка. Како резултат, тие така стекнуваат потреба за зрелост која што доаѓа со постигнатите работи во животот, искуството и успехот“, изјавила Грир.

Тоа не значи дека момчињата кои имаат 20 години воопшто не треба да се земат предвид, но експертката вели дека посериозна врска нудат мажите кои имаат над 30 години.


„Понекогаш најдете си момче кое што било во неколку врски и потоа во текот на своите 30-ти години запознава идеална жена и подготвен е да се венча со неа“, додала експертката.

Советот од латино дивата можеби не е применлив за секој, но доколку знаете колку вредите и имате стандарди кои што се согласуваат со тоа - никогаш нема да ви одмогне. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk