Лопетеги го пронајде виновникот за поразот од Барселона: Кога тренерот јавно зборува за тоа…

Дерби

04/03/2021

16:20

2.789

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Севилја прокоцкаа одлична можност да се пласираат во финалето од Копа дел Реј откако во возвратниот натпревар против Барселона ја испуштија солидната предност од 2:0 и претрпеа пораз од 3:0 по кој нема да го продолжат натпреварувањето.

„Каталонците“ за противник во финалето ќе го чекаат подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Леванте и Атлетик Билбао што значи дека ќе имаат голема шанса за освојување на трофејот.

По вчерашниот натпревар на „Камп Ноу“ гласот го крена стратегот на Севилја, Жулен Лопетеги кој ги нападна судиите кои не досудиле во нивна корист во два нарати, што според тренерот на андалузискиот клуб било клучно за овој натпревар.

– Кога тренерот јавно зборува за судењето може да биде жестоко казнет, но.. Вториот жолт картон за Мингуеза беше чист, а исто така имаше и пенал од Ленгле. Ова денес сепак мора некако да го проголтаме, -порача јасно разочараниот Лопетеги.

Барселона со гол во финишот од натпреварот стигна до 2:0, а потоа во продолжението Брајтвајт го постигна и третиот и одлучувачки погодок за „каталонците“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг