По долго боледување, нетипичната убавица од златната ера на супермоделите се враќа на модната писта

Кармин

04/03/2021

16:02

2.957

Големина на фонт

а а а

47-годишната канадска манекенка и актерка Шалом Харлоу ѝ се вратила на модната агенција „IMG Models“ со која соработувала кон крајот на 90-те, кога беше на врвот на славата, пренесува „WWD“.

Скаут на агенцијата ја открил Шалом на концерт на групата „The Cure“, а се прослави на ревија на Александер Меквин во 1999 година. Потоа носеше ревии на многу познати светски брендови, ги красеше насловните страници на модните списанија, беше заштитно лице на „Dior“ и „Chanel“ и една од миленичките на покојниот Џани Версаче.


„Forbes“ во 2007 година ја смести Харлоу на листата на 15 најплатени манекенки на светот. Се испроба и во актерството, па можевме да ја гледаме во филмови како „How To Lose a Guy in 10 Days“, „Vanilla Sky“, а со колешката – моделот Амбер Валета ја водеше и емисијата „House of Style“ на „MTV“.


Оваа неконвенционална убавица која своевремено ја нарекуваа и „анти-супермодел“ се повлече од манекенството во 2013 година откако заболе од, како што вели таа, „комбинација на лајмска болест, паразит кој го добила во текот на бројните патувања и труење со црна мувла“, поради што долго време била „закована“ за кревет.


Некое време можела да се движи само во инвалидска количка, а во закрепнувањето ѝ помогнала т.н. фекална трансплантација. Станува збор за инфузија на течен филтрат од столица на здрав дарител кој помага во нормализирање на цревната флора, за што манекенката за првпат проговорела минатата година во интервју за „In Style“.


„Тоа беше првата во низа големи медицински интервенции која буквално ми го спаси животот“, изјавила тогаш Шалом која по сè одлучила да забави со кариерата и да се посвети на себеси.

На манекенството накратко му се врати во 2018 година за потребите на Модната недела во Париз, кога беше дел од модната ревија на „Vercase“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk