Прекрасно време е да преземете нешто во свои раце и да почнете да ги остварувате вашите соништа.
Хороскопот за март открива кои знаци од Зодијакот ќе ги следи успех, исполнување на амбициите и вредни награди.
Со почетокот на месец март вашата владејачка планета Марс се вселува во вашата куќа на комуникациите и информациите. Подготвени сте да ги искажете вашите идеи и ставови, а овој транзит носи и подобра самодоверба. Посветете се на секојдневните обврски, на работата, интеракцијата со колегите и состаноците. Енергијата на Марс за секој ваш труд ќе ви донесе награда. Совршено се снаоѓате во тимската работа и се чувствувате целосно незапирливи на патот кон вашите цели. Прекрасно време е да ги остварите вашите соништа.
Во март ќе имате неверојатна моќ и храброст. Дури и кога препреките ќе се појават пред вас и ќе ве обземат самокритиките кои што се својствени за вашиот знак, ќе бидете способни да ги прифатите предизвиците. Марс се сели во вашето поле на кариерата. Од 3 март ќе се истакнат вашите амбиции, ќе се намалат мааните и ќе имате поттик да делувате. Ве очекуваат награди за трудот од претходните месеци. Значи ви претстојат големи награди на полето на кариерата, а вашата победа е тоа што ќе избегнете перфекционистички тежнеења и ќе успеете да ги завршите сите задачи во предвидените рокови.
Март почнува лесно и ви носи пријатна јасност. Ќе имате можност да се фокусирате на работата, здравјето и вредните рутини. Младата Месечина од 13 март ќе го ублажи притисокот и ќе ве поттикне да ги распоредите приоритетите во вашиот живот. Од 15 март, кога Меркур ќе се пресели во Рибите, преземете вредни активности, организирајте се и со полн капацитет завршете ги обврските. Наградите и успесите пристигнуваат дури на крајот од месецот кога полната Месечина ќе влезе во вашиот знак од Зодијакот. Конечно ќе се чувствувате дека сте ги исполниле сите свои очекувања.