Има 52 години, беспрекорно лице без ниту една брчка: 3 едноставни правила кои се заслужни за изгледот на актерката

Точка

25/02/2021

18:46

3.477

Големина на фонт

а а а

Нејзиното лице секогаш изгледа свежо, па мора да истражиме на кои начини актерката Наоми Вотс го негува.

Актерката се грижи за личниот изглед, а тоа мора да признаеме дека се воочува. Таа на 52-годишна возраст изгледа одлично.

Во едно интервју актерката изјавила дека ужива во негувањето на кожата, но и домашните маски за кои што тврди дека се многу поефикасни од оние кои што можеме да ги купиме во аптеките.

„Се негувам, не само за да изгледам убаво, туку и поубаво да се чувствувам во своја кожа“, изјавила актерката.

Актерката строго се придржува до овие 3 правила:

1. Никогаш не ја прескокнува „бјути“ рутината

Колку и да е изморена, таа никогаш нема да си легне, а претходно да не ја извади шминката од лицето и не нанесе крем за лице. Таа тврди дека најдобриот сојузник на нејзиниот изглед е серумот со ретинол, па задолжително го користи со години.

2. Редовно користи маска за лице

Маските се одличен начин да се врати свежината и сјајот на вашата кожа за само 20 минути. Од друга страна, доколку се користат редовно, трагите на стареење се помалку видливи. Често користи домашни маски за лице, а најмногу сака да ги користи оние од зелена глина и малку мед.

3. Подлогата под шминката е клучот за здрава кожа

Таа строго се држи до ова правило веќе долги години. Пред да нанесе пудра или пак било која друга шминка на лицето, таа нанесува крем за лице.

„На овој начин мојата кожа е заштитена, па пудрата не продира длабоко во порите и така не ѝ штети претерано на мојата кожа“, вели актерката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг