Музичарот во 8-та деценија го добил шестото дете: 35 години помладата сопруга на Дејвид Фостер му роди син!

Кармин

25/02/2021

14:24

2.645

Големина на фонт

а а а

Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер во 71-та година стана татко по шести пат.

Неговата 35 години помлада сопруга, актерката Кетрин Мекфи (36) го родила своето прво, а на Дејвид шесто, здраво дете.

Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето одлично се чувствуваат. На Фостер ова му е прв син - има пет ќерки од претходните бракови, а најинтригантен е фактот дека неговите четири ќерки се постари од неговата сегашна сопруга. Најмладата негова ќерка е две години помлада од Кетрин.

Дејвид и Кетрин се венчале во Лондон во 2019-та година, после две години хармонична врска, а потоа јавно зборувала дека тој е мажот на нејзиниот живот, и покрај големата разлика во години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk