Ужива во спортското јавање и сака да биде доктор: Која е Џенифер Гејтс, ќерката на Бил Гејтс?

Кармин

25/02/2021

12:52

2.037

Големина на фонт

а а а

Џенифер Гејтс, ќерка на соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, овие денови е во средиште на светското внимание, а поединечни детали за нејзиниот приватен живот досега не ѝ беа познати на јавноста.

Оваа 24-годишна девојка е најстарото дете на семејството Гејтс, а го има братот Рори и сестрата Фиби. Со оглед на значењето и влијанието на нивниот татко, јавноста отсекогаш била заинтересирана за нивниот приватен живот.


Помеѓу интересните моменти од растењето на Џенифер се истакнува фактот дека нејзините родители ѝ дозволиле да има мобилен телефон дури на 14-годишна возраст. Таа заедно со брат ѝ и сестра ѝ го посетувала средното училиште кое го посетувал и нивниот татко - станува збор за елитната школа „Lakeside“ во Сиетл.

Пред 3 години дипломирала биоантропологија на престижниот универзитет „Stanford“. Во наредната година се посветила на спортското јавање на коњи.


Има поддршка од својот татко

Во интервју за списанието „Sidelines“, кој е специјализиран за рекреативно и спортско јавање, изјавила дека педијатарот од детството ја инспирирал да се занимава со медицина. Според нејзините зборови, се надева дека барем малку ќе го направи светот подобро место за живеење.

Џенифер јава коњи од 6-годишна возраст и за неа се смета дека е одличен коњаник. Со занимавање на овој спорт ја поддржал и самиот Бил. Имено, тој го купил имотот во Велингтон, Флорида, а тоа е омилено место за богатите коњаници.

Според наводите на весникот „Miami Herald“, Бил издвоил 37 милиони долари за имотот. Неговата ќерка се натпреварувала против бројни познати коњаници, но и против други познати личности помеѓу кои се ќерките на бизнисменот Мајкл Блумберг, пејачот Брус Спрингстин и режисерот Стивен Спилберг.


Студира медицина

Џенифер моментално е студентка по медицина на „Icahn School of Medicine at Mount Sinai“ во Њујорк, а веќе ја завршила првата година на студии. „New York Post“ објави дека родителите ѝ купиле стан од 5 милиони долари во 2017, кој се наоѓа многу блиску до нејзиниот факултет.

Фактот дека сака да патува се забележува и преку нејзиниот Инстаграм профил на кој често објавува фотографии од патувањата, а Кувајт, Шпанија и Австралија се само некои од државите кои ги посетила.

Бил Гејтс пред 10 години во изјава за „Daily Mail“ порачал дека е одлучен во тоа неговите деца да имаат свој животен пат. Тврди дека ќе добијат само мал дел од неговото богатство кое „Forbes“ го проценува на 108,6 милијарди долари, пренесува „Business Insider“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk