Речиси секогаш во исто: 10 парчиња облека кои преовладуваат во ормарот на Џенифер Анистон

Кармин

25/02/2021

11:36

2.648

Големина на фонт

а а а

Во модна смисла, славните дами можеме да ги поделиме на љубителки на модните експериментирања и модни класичарки, а во втората група спаѓа и Џенифер Анистон.

52-годишната холивудска актерка од самиот почеток на кариерата им е верна на едноставните комбинации, составени од класични парчиња облека.

Воглавно се држи до класичните палети на бои, па така во нејзиниот гардеробер доминираат неутрални нијанси. Ормарот ѝ е преполн со црни парчиња, без разлика дали станува збор за облека, обувки или модни додатоци. Кога малку подобро ќе ги погледнете нејзините изданија, ќе сфатите дека таа всушност секогаш го носи истото.

Во продолжение, погледнете кои 10 севременски парчиња преовладуваат во ормарот на Анистон.

Сако

Без оглед дали оди на црвениот тепих, снимање на некоја телевизиска емисија или на шопинг, сакото е неизоставен дел од нејзините комбинации.


Долга црна тоалета

Не може понеутрално и поедноставно од долгиот црн фустан кој е симбол на елеганција. Помеѓу фустаните во кои Џенифер се има појавено на црвените теписи, најчести се оние токму во црна боја.


Мал црн кожен фустан

Кога сака малку да се оттргне од традицијата, наместо класичен модел на мал црн фустан, актерката го избира оној изработен од кожа.


Црн комбинезон

Најдобра замена за фустанот е комбинезонот, а Џенифер и во овој случај е верна на црните модели.


Црни чизми до колена

Нејзиниот омилен модел на чизми е секако црниот модел до колена, од превртена кожа. Анистон најчесто го комбинира со здолништа, но и фармерки.


Долг капут

Што е ормарот без еден добар капут? Таа претпочита подолги модели.


Шешир

Нејзиниот омилен моден додаток со сигурност се шеширите. Освен што се одлично помагало за криење од фотографите, изгледаат фантастично во сите варијанти.


„Каки“ панталони

Нема поголем љубител на панталони со оваа нијанса од Џенифер Анистон. Тоа е модел на панталони кој најчесто го носи во текот на авионските летови или кога оди на шопинг.


Сини фармерки + бели патики

Ништо повеќе не асоцира на лежерност како комбинацијата на добри сини фармерки и бели патики. Џенифер најмногу го сака удобниот „boyfriend“ модел на фармерки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk