Актерката Шејлин Вудли потврди дека се верила со Арон Роџерс, играч на американски фудбал во тимот на Грин Беј Пакерс.
Шејлин Вудли зборувала за својата врска со спортистот во емисија кај Џими Фелон и рекла дека тие се верени веќе некое време.
Роџерс (37) во февруари, на доделувањето на својата трета награда за најдобар играч, ѝ се заблагодарил на својата вереница, но не рекол за кого се работи.
„Да, верени сме. Тоа не е никаква вест. Сега сите се воодушевени околу тоа, а ние сме верени подолго време“, рекла Шејлин Вудли.
Вудли (29) рекла дека никогаш не била на некој натпревар на својот иден сопруг, нагласувајќи дека причината за тоа е ограничувањето воведено поради пандемијата на коронавирусот.
Додала и дека пред да го запознае Роџерс, никогаш не гледала ниеден натпревар на американски фудбал.
„Под број еден, тој е едно прекрасно човечко суштество, но никогаш не помислив дека ќе бидам верена со некој кој заработува од фрлање топки“, додала Шејлон.
Објаснила и дека дознала дека се занимава со американски фудбал штом се запознале, но никогаш не знаела многу за неговата кариера. Вели и дека сега пријателите ја тераат на интернет да погледне некои снимки од неговите најдобрите моменти на терен.